Потрошувачки приговор (рекламација)

    1. Потрошувачки приговор. Рекламација на производите. 

    Накратко: Потрошувачки приговор (рекламација) е секоја претставка или поплака со којашто потрошувачот пријавува повреда на правата што ги има врз основа на Законот за заштита на потрошувачите или согласно договор, кој го доставува до трговецот Друштво за трговија и услуги БИЗНИС КОМУНИКАЦИИ ДОО извоз - увоз Скопје 


    Постапка за потрошувачки приговори. Потрошувачот може да поднесе потрошувачки приговор до МоWo на еден од следните начини:

    • со доставување на пополнет формулар за приговор по пошта на адреса на Продавачот, ул.Скупи 3А бр.39-1/12, Скопје-Карпош
    • преку корисничкиот профил кој го има креирано на страната на МоWo
    • по електронска пошта на следната меил адреса: [email protected] 

     

    Формуларот за приговор (рекламационен лист) може да го преземете на следниот линк.

     

    За поднесениот приговор, на потрошувачот ќе му биде издадена писмена потврда за прием на приговорот или потврда во форма на електронско известување на корисничкиот профил или на посочената електронска пошта дека приговорот е примен. 

     

    При остварување на правото за приговор, Клиентот е должен да достави фактура за купување на производот заедно со производот кој го рекламира, а доколку за производот постои и гарантен рок треба да достави и заверен гарантен лист издаден при купување на производот. 

    Доколку потрошувачот поднесе формулар за приговор на било кој од начините наведени погоре, должен е најдоцна следниот работен ден физички да го достави и производот кој го рекламира во седиштето на Продавачот или по пошта на наведената адреса а во одредени случаи МоWo презема обврска да испрати курир на посочената адреса кој ќе го подигне производот - предмет на реклмација

    Ние нема да бидеме во можност да одлучиме за основаноста на наводите на потрошувачот наведени во формуларот, пред конкретниот производ да биде доставен до нас, од кога почнува да тече рокот за одговор и решавање на приговорот.

    Производот кој се доставува на рекламација директно или преку доставна служба,  мора да бидe доставен до нас неоштетен и чист, спакуван во неговото оригинално пакување. Доколку производот кој е доставен заради рекламација, не е прописно спакуван и/или истиот содржи видливи механички оштетувања на самиот производ во текот на транспортот, таквиот производ нема да бидат преземени од наша страна, туку ќе биде вратени до испраќачот на негов трошок. Ние не преземаме никаква одговорност за сите евентуални оштетувања на производот и амбалажата кои настануваат во текот на транспортот до или од адресата на потрошувачот.

     

    Постапка за решавање на приговори. Секторот задолжен за одлучување по приговори најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на приговорот, ќе го извести купувачот во писмена форма или по електронски пат за одлуката (прифатен или одбиен приговор на потрошувачот во врска со сообразноста на ставката), како и можниот начин на решавање на жалбата во согласност со Законот за заштита на потрошувачите (враќање на средства, соодветно намалување на цената, замена или поправка на производот).

     

    Решавањето на приговорот согласно конкретно понудениот предлог ќе биде извршено само врз основа на претходна согласност од потрошувачот. Во случај доколку потрошувачот не се произнесе по нашиот предлог за решавање по приговорот, МoWo нема да биде одговорен за непостапување во утврдениот рок и истиот ќе донесе одлука која ќе смета дека е најсоодветна за конкретната ситуација

     Доколку Продавачот од објективни причини, не е во можност да ги задоволи барањата на потрошувачот во наведениот рок, ќе го извести потрошувачот за продолжување на рокот за решавање на приговорот кој не може да биде подолг од 8 дена од првично предложениот рок за решавање на приговорот. Продолжувањето на рокот за решавање на приговорот ќе може да се изврши само еднаш.

    Доколку во Формуларот се наведени неточни податоци за адресата или телефонскиот број и како резултат на тоа MoWo не е во можност да го информира потрошувачот за одговорот на приговорот или да ја заврши постапката во законскиот рок, тогаш се смета дека истиот нема да сноси одговорност за ненавременото постапување по приговорот.

    Во случај кога барањето е одбиено како неосновано, реклмираниот производ го враќаме на клиентот на адресата наведена за контакт. Доколку потрошувачот не го земе рекламираниот производ во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето за одбивање, продавачот е овластен да го отстрани рекламираниот производ.



Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.