Производите ќе Ви бидат испорачани од страна на партнерските курири на MoWo - ТПЛ Тотал Пост Логистик Дооел во периодот наведен од MoWo заедно со потврдата за нарачката или преку посебна порака, по оваа потврда. Ве молиме имајте предвид дека ова време за испорака е индикативно, врз основа на претходни нарачки во соодветните области и може да биде предмет на промена, во тој случај ќе направиме максимални напори да ве известиме навремено. Ние нема да бидеме одговорни за доцнењата во испораката на Производите кои произлегуваат од причини кои не се припишуваат на нас или поради вина на трети страни вклучени во процесот на испорака (на пр.: превозник, курир, пошта итн.). MoWo го задржува правото во одредени ситуации, испораката на Нарачката да биде условена со претходна наплата на нејзината вредност или одобрение од финансиските субјекти, во случај на налози платени со кредит или други начини на финансирање (на пр.: рати со дебит картичка), ситуација на која експресно ќе ви биде обрнато внимание.
Производите ќе Ви бидат испорачани бесплатно. Рокот на испорака е обично 1-3 работни дена од моментот на потврдување на нарачката од наша страна а истиот во исклучителни ситуации не може да биде подолг од 7 (седум) дена од денот на потврда на нарачката.
При доставата ќе важат правилата за достава на курирската служба. Одговорноста во случај на оштетување на производите или нивно уништување во периодот на испорака (транспорт) е во целост на курирската служба. МоWo нема никаква одговорност во случај на оштетување или уништување на производите - предмет на нарачка од моментот кога истите ќе ги предаде на партнерот задолжен за достава, освен ако не се докаже дека истите производи биле во таква состојба во моментот пред предавањето на производите или доколку се докаже дека до таквото оштетување или уништување на Производите е дојдено поради неесоодветно пакување на истите.
Во моментот на прием на пратката должни сте внимателно да ги проверите Производите во присуство на курир. Доколку утврдите Производите се неисправни, оштетени или на било каков друг начин манипулирани имате право да го одбиете приемот на Производите односно истите веднаш да ги вратите на присутниот курир а притоа да ги наведете постоечките дефекти во документот што ќе ви биде доставен за да го потпишете. Доколку не го одбиете пакетот и не ги посочите овие очигледни дефекти, целосно ќе ја преземете состојбата на Производите, за која се смета дека е во согласност со договорената естетска состојба и Спецификациите, и повеќе нема да можете да пријавите никакви поплака подоцна во врска со нив и нема да можете да барате неусогласеност, освен ако докажете дека Производот имал дефекти во моментот на испораката што не можеле да бидат предмет на соодветна проверка во моментот на испораката (т.е. скриени дефекти). По приемот на пратката и нејзината проверка започнуваат да течат роковите за Замена/Враќање на производот согласно Политиките на
Нарачката ќе ви биде доставена на адресата наведената на вашиот кориснички налог или доколку евентуално во самата нарачка наведете друга адреса за достава. Во случај доколку сакате друго лице ја добие Нарачката во ваше име, ве молиме да не известите однапред за да можеме да ги направиме потребните промени. Ние не сме одговорни за штети или непријатни ситуации што може да настанат затоа што друго лице освен Купувачот, или експлицитно назначено од Купувачот, ја презело нарачката. Нашиот партнер задолжен за испорака на нарачката ќе се обиде да ја испорача нарачката 3 пати а доколку за време на сите овие обиди нарачката не успее да се испорача, таа ќе биде вратена на MoWo, нарачката ќе биде откажана и го задржуваме правото да не дозволиме да направите друга нарачка на страницата, без разлика дали тоа го правите директно, преку посредници или користејќи други контакти. Испораката ќе се смета дека е извршена откако ќе го потпишете транспортниот документ обезбеден од курир или со потпишување на фактурата или друг документ за испорака во случај на испораки направени од MoWo.
МoWo ќе вложи максимални напори за да се осигураме дека Производите се соодветно спакувани заедно со Спецификациите и сите потребни придружни документи а со цел да се одбегне било какво оштетување на истите при транспортот.
Го задржуваме правото да ја одложиме или откажеме секоја испорака на нарачаните производи доколку оваа обврска не може да се исполни поради причини кои се надвор од наша контрола, кои вклучуваат: настани на виша сила, терористички акти, протести, граѓански немири, екстремни временски услови услови итн.
Newsletter
Претплати се на нашиот Newsletter!
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.