Политика за приватност

Политика на приватност и заштита на лични податоци

 

  1. Општо

Оваа Политика на приватност појаснува како ние, Друштво за трговија и услуги БИЗНИС КОМУНИКАЦИИ ДОО извоз - увоз Скопје, во својство на Контролор на лични податоци (во понатамошниот текст: МоWo) ги обработува личните податоци кои доброволно се дадени од страна на корисниците на веб страната www.mowo.mk . Оваа Политика на приватност се однесува само за www.mowo.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни. Со користење на ова веб-страна, корисникот се согласува со условите на оваа Политика на приватност.

Доколку не се согласувате со оваа Политика, ве молиме да го прекинете пристапот до веб страната.

 

  1. Значење на изразите

Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетрски, ментален, еконосмки, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

Субјект за лични податоци е секое физичко лице на кое се однесуваат обработените податоци. Посетителите на веб сајтот се субјекти на лични податоци

Согласност на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;

Обработка на лични податоци  е секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз личните податоци на автоматски или друг начин како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање или уништување;

Контролор на лични податоци е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци. БИЗНИС КОМУНИКАЦИИ ДОО извоз - увоз Скопје е контролор на лични податоци.

Обработувач на лични податоци е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

 

  1. Назив и седиште на Контролорот

Друштво за трговија и услуги БИЗНИС КОМУНИКАЦИИ ДОО извоз - увоз Скопје

Адреса на седиште: ул.Скупи 3А бр.39-1/12, Скопје-Карпош

Телефон за контакт: +389 77 666 622

Е-маил адреса[email protected] 

Офицер за заштита на лични податоци: Дарко Крајчиновиќ

Телефон за контакт: 076377944

e-mail: [email protected]

Секој корисник на веб страната  може директно да исконтактира со офицерот за заштита на личните права за какви било прашања при остварување на сите права кои се однесуваат на заштитата на лични податоци.

  1. Цели на обработка на лични податоци

Преку формата за регистрација на корисник ,,Профил - Регистрација” и формуларот ,,Зачлени се – Регистрација” ги обработуваме за целите на онлајн купување, но и за испраќање на известувања доколку претходно добиеме ваша согласност за тоа.

Преку формата ,,Контакт” ги обработуваме вашите лични податоци за  да одговориме на вашите коментари.

Преку формата ,,Кариера” ги обработуваме вашите лични податоци за целите на идни вработувања.

Преку формата ,,Пријави се за новости” го обработуваме податокот за меил адреса за да добивате месечни електронски изданија од нашиот билтен и промоции.

Преку формата ,,Замена на роба/враќање на роба” ги обработуваме вашите лични податоци за исполнување на законската обврска за враќање или замена на купен производ.

Преку формата ,,Рекламации” ги обработуваме вашите лични податоци заради исполнување на законска обврска за отстранување на евентуални недостатоци на купени производи.

  1. Категории на лични податоци, цели и правен основ на обработката на лични податоци

Веб страната www.mowo.mk ги собира личните податоци врз основа на Ваша согласност, поради исполнување на договорни обврски и исполнување на законска обврска.

Личните податоци ќе ги чуваме за перидот непоходен за исполнување на целите за кои се собрани, а потоа ќе бидат избришани во согласно со Законот за заштита на личните податоци. Овој период на чување на личните податоци е различен во зависност од целта заради која се собрани податоците. Вие имате право, во секое време да побарате од нас да ги избришеме податоците.

  1. Регистрација на корисник во делот Профил - Регистрација

За да се регистрирате, во делот ,,Профил” -,,Регистрација” потребно е да се внесат следните податоци:

  • име и презиме
  • податоци за контакт (адреса, е-маил, телефонски број, поштенски код)
  • ден, месец и година на раѓање (незадолжителни полиња, потребни за испраќање на честитки, поволности и подароци)
  • трансакциона сметка и банка (во одредени случаи за прием на средства)

При пополнување на податоците наведни во формуларот ,,Регистрација” во делот ,,Профил” полињата кои не се означени како задолжителни можете да не ги обезбедите, а сепак  успешно да ја комплетирате регистрацијата на нашата веб страна.

Податоците потребни за регистрација на корисник на веб страната се чуваат се до повлекување на согласноста или до моментот кога ќе одлучте да го избришете Вашиот профил. 

Овие податоци ги собираме за да ги исполниме нашите договорни обврски кон Вас како купувач на нашите производи, односно истите се потребни за реализација на направената онлајн нарачка,  достава на пратката како и за водење на сметководствената евиденција.

Личните податоци собрани за реализација и достава на направена онлајн нарачка, доколку не постои друга правна основа за понатамошна обработка на лични податоци, се чуваат во период од 3 години откако е направена нарачката. 

Кога правите онлајн нарачка на производи со опција за плаќање со картичка, ги оставате податоците од платежната картичка. Продавачот не собира никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците поврзани со успешна реализација на плаќањето ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Халк  банка како носител на трансакцијата. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на Халк Банка. Порталот користи современа заштитa на податоците и сите процеси се одвивааат преку сигурна конекција со Банката.

  1. Контактсо нас

За да може да исконтактирате со нас, потребно е да ги внесете следните податоци:

  • име и презиме
  • податоци за контакт (телефон, е-маил)

Овие податоци се обработуваат врз основа на нашиот легитимен интерес за давање на услуги поврзани со продажбата на производите (одговарање на прашања, барања, решавање на проблеми поврзани со купени производи), кој не се коси со Вашите интереси за заштита на податоците.

Вашите лични податоци доставени преку формуларот за контакт ќе се чуваат само привремено, се додека се релевантни за нашиот однос или најдолго 1 година од денот на пополнување на формуларот.

  1. Електронско известување 

Доколку сакате да добивате електронски информации во врска со понудите на производите, промоции и слично, потребно е да го внесете Вашиот личен податок:

  • е-маил адреса

Овој личен податок е даден директно од Вас кога се пријавувате за достава на информации билтенот со внесување на важечка е-маил адреса. По добивањето на Вашето барање, Ви се испраќа повратна е-маил порака за потврда на регистрацијата на е-маил адресата внесена во делот ,,Пријави се за новости”. Со додавање на дополнителен чекор во процесот на пријава преку постапката на двојна согласност (opt-in) се докажува дека Вие како сопственик на маил адресата сте побарале да добивате електронски информации во врска со нашите производи и тековни понуди и промоции.

  1. Соработка 

Доколку сакате било каква соработка со нас, потребно е да ни ги пишете следните податоци:

  • име и презиме (назив за правно лице)
  • податоци за контакт (е-маил,телефон)

Внесените лични податоци при пополнување на формуларот за соработка со нас се обработуваат врз основа на дадена согласност и се чуваат до воспоставување на соработката или најдолго 3 месеци од денот на пополнување на формуларот.

  1. Замена на производ/враќање на производ

При замена односно враќање на купени производи, потребно е да ги внесете следните податоци:

  • Име и презиме
  • Податоци за контакт (телефонски број и е-маил)
  • Трансакциска сметка (во случај на враќање на купен производ)

Овие податоци се обработуваат заради испонување на законска обврска да одговориме на Вашите барања за замена или враќање на купени производи и се чуваат во рок од 1 година од поднесено барање за замена или враќање на производ.  

  1. Рекламации

Доколку кај купен производ се појават одредени недостатоци, потребно е истите да ги пријавите, при што во овој случај ќе бидат обработени следните податоци:

  • Име и презиме
  • Податоци за контакт (телефонски број и е-маил)

Овие податоци се обработуваат заради исполнување на законска обврска за отстранување на евентуални недостатоци на купени производи и се чуваат во рок од 2 години од поднесената пријава за евентуален недостаток на производ.

  1. Политика на колачиња – Cookies

Колачиња или “Cookies” се мали текстуални фајлови лоцирани на Вашиот уред за да собираат информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб-страната и употреба на веб-страната од страна на  корисниците.Овие податоци се користат за анализа и подобрување на техничката функционалност на нашата веб-страна заради обезбедување на персонализирана содржина на веб-страната, односно подобро да се одговори на индивидуалните потреби на корисниците. Колачињата се користат за нормално функционирање на одредени карактеристики на веб-страната што им го олеснува пристапот на корисниците до содржината.

За подетални информации отворете ја Политиката на колачиња.

  1. Google Analytics *(Ова да се провери со изработувачите на страната)

Оваа веб страна користи Google Analytics, услуга за веб-анализа на Google Inc. (во понатамошниот текст: ,,Google”). Google Analytics користи колачиња, односно текстуални датотеки што се зачувани на вашиот компјутер и кои ја олеснуваат анализата на употреба нa веб-страната. Информациите за вашата употреба на оваа веб-страна се испраќаат до сервер на Google во САД и се чуваат таму. Со поставување колаче Google може да ја анализира употребата на нашата веб страна.

Оваа веб-страна ги користи функциите на ремаркетинг на Google Analytics во комбинација со функциите на Google AdWords и Google DoubleClick, кои работат на сите уреди.

  1. Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Продавачот ги користи податоците исклучиво за целите за кои се првично собрани, не ги открива личните податоци на трети лица, совен во случаите кога третите лица се јавуваат во својство на обработувачи на лични податоци (маркетинг агенции, даватели на аналитички и статистички услуги,  консултанти или соработници за исполнување на конкретни работи во име и за сметка на Продавачот) на кои им е потребно да ги знаат таквите податоци само во разумни рамки на доверените овластувања и законски ограничувања и истите не смеат да ги обработуваат за никакви други цели, ниту да ги доставуваат на трети лица.

Со исклучок, лични податоци може да бидат откриени единствено по барање на државни органи до степенот што се бара со закон или регулатива, под услов пред да се направи такво откривање потребно со закон, Продавачот ќе му даде на субјектот на лични податоци предходни информации за барањето и содржината на таквото откривање, како што е практично, под околностите.

  1. Безбедност на обработка на личните податоци

Вашите лични податоци се обработуваат само на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци од случајно или незаконско уништување, губење, менување или неовластен пристап. Продавачот презема соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци а согласно донесените политики за заштита на личните податоци. Сепак, без оглед на сите напори за обезбедување максимална заштита на вашите податоци, ниту една веб-страна, мобилна апликација, база на податоци или систем не е целосно заштитена од безбедносните недостатоци во пренесувањето на податоци преку интернет. 

  1. Вашите права како субјекти на лични податоци

Субјектот на лични податоци има право:

  • да побара пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на лични податоци,
  • на приговор за обработката како и право на преносливост на податоците.
  • да побара повлекување на согласноста за давање на податоците.

За остварување на сите Ваши права кои се однесуваат на заштитата на лични податоци може да се обратите до офицерот за заштита на лични податоци на Друштвото за трговија и услуги БИЗНИС КОМУНИКАЦИИ ДОО извоз - увоз Скопје.

Офицер за заштита на лични податоци: Дарко Крајчиновиќ

Телефон за контакт: 076377944

e-mail: [email protected]

  1. Заштита на приватноста на малолетните лица

Продавачот не собира намерно никакви лични податоци од лица под 18 годишна возраст. Ако сте родител или законски старател кој открил дека Вашето малолетно дете обезбедило лични податоци преку нашата веб страна без Ваша согласност, можете да побарате од нас да ги отстраниме таквите неовластени информации со испраќање нa меил на следната меил адреса: [email protected].

  1. Промена на политиката на приватност

Продавачот има право да врши промени на оваа Политика. Доколку се извршат одредени промени во Политиката на приватност, истите ќе бидат објавени на оваа веб страна. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката на приватност и дека е свесен за промените.

Барање за остварување на правата на субјектот на лични податоци линк.

Барање за повлекување на согласност за обработка на лични податоци линк.

Приговор на обработката на лични податоци линк.

 

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.